
За ажурирањето на софтверот и апликациите во телефонот
Со ажурирањата на софтверот на телефонот и на апликациите, можете да
добиете нови карактеристики и збогатени функции за Вашиот телефон.
Ажурирањето на софтверот може исто така да ја подобри работата на Вашиот
телефон.
104 Управување со уредот

Се препорачува да направите резервна копија од Вашите лични податоци пред
да го ажурирате софтверот во телефонот.
Предупредување:
Ако инсталирате надградба на софтвер, не можете да го користите уредот, дури
ни за остварување на итни повици, се додека инсталацијата не е завршена и
уредот е рестартиран.
Употребување на услугите или даунлоадирањето на содржина може да
предизвика пренос на големи количини на податоци, кои можат да завршат со
трошоци за сообраќај на податоци.
Пред да започнете со ажурирањето, поврзете го полначот или осигурете се дека
батеријата е доволно наполнета.
По ажурирањето, упатствата во упатството за корисникот може да не одговараат.
Ажурираното упатство за корисници можете да најдете на www.nokia.com/
support.