
Offline употреба на Вашиот телефон
На места каде што не сакате да остварувате и да примате повици, сè уште можете
да пристапите до Вашиот календар, листата на контакти и offline игрите, ако го
вклучите offline профилот. Исклучете го телефонот кога не е дозволена употреба
на мобилен телефон или кога тој може да предизвика пречки или опасност.
Притиснете и задржете го копчето за вклучување
и одберете
Offline
.
Кога е активирате offline профилот, конекцијата со мобилната мрежа е исклучена.
Сите радио фреквентни сигнали помеѓу телефонот и мобилната мрежа се
оневозможени. Ако се обидете да испратите порака, таа ќе биде поставена во
папката на Појдовното сандаче и ќе биде испратена само кога е вклучен некој
друг профил.
Можете да го користите Вашиот телефон и без SIM картичка. Исклучете го
телефонот и отстранете ја SIM картичката. Кога повторно ќе го вклучите, се
активира offline профилот.
Важно: Во offline профилот не можете да остварувате или примате било какви
повици, или да користите други карактеристики за кои е потребно мрежно
покривање. Можете да го повикате официјалниот број за итни слуачи
програмиран во Вашиот уред. За да упатувате повици, морате прво да се
префрлите на друг профил.
Кога е активиран offline профилот, сé уште можете да се поврзете на безжичната
локална мрежа (WLAN), на пример, да ги читате Вашите e-mail пораки или да
пребарувате на интернет. Исто така, можете да користите Bluetooth.
Запомнете да ги направите сите применливи барања за безбедност.
Основна употреба 27