Nokia X7 00 - Промена на USB режимот

background image

Промена на USB режимот
За најдобри резултати кога копирате или синхронизирате содржини од Вашиот

телефон со Вашиот компјутер, вклучете го соодветниот USB режим кога

користите USB кабел за податоци за да се поврзете со различни уреди.

1 Користете компатибилен USB кабел за да го поврзете Вашиот телефон на

компјутерот.

2 На телефонот, лизгајте надолу од областа за известување.
3 Одберете

USB

и од следниве опции.

Nokia Ovi Suite — Поврзете го Вашиот телефон со компатибилен компјутер на

којшто е инсталирано Nokia Ovi Suite. Во овој режим, можете да го

синхронизирате телефонот со Nokia Ovi Suite и да ги користите другите функции

на Nokia Ovi Suite.

Овој режим е вклучен автоматски кога ќе ја отворате апликацијата Nokia Ovi Suite.

Mass storage — Поврзете го телефонот со компатибилен компјутер на којшто

нема инсталирано Nokia Ovi Suite. Вашиот телефон е препознаен како USB flash

меморија. Исто така, можете да го поврзете Вашиот телефон со други уреди, како

домашен или стерео систем во автомобилот, на којшто можете да поврзете USB

уред.

Кога се поврзувате со компјутер во овој режим, може да не сте во можност да

користите некои од апликациите на телефонот.

До мемориската картичка во Вашиот телефон не може да биде пристапено од

други уреди.

Media transfer — Поврзете го телефонот со компатибилен компјутер на

којшто нема инсталирано Nokia Ovi Suite. Музиката заштитена со управувањето

со дигитални права (DRM) мора да биде префрлена во овој режим. Некои од

системите за домашна забава и печатачите исто така, можат да бидат користени

во овој режим.

102 Конективност

background image

Use phone as modem — Поврзете го Вашиот телефон со некој компатибилен

компјутер и користете го Вашиот телефон како безжичен модем. Компјутерот

автоматски се поврзува на интернет.