
Итни повици
Упатување итен повик
1
Уверете се дека уредот е вклучен.
2
Проверете дали постои соодветна јачина на сигналот. Можеби ќе биде потребно да го направите следното:
•
Вметнете SIM картичка.
•
Отстранете ги ограничувањата на повици што ги активиравте на Вашиот уред, како што се забрана на повик,
фиксно бирање или затворена корисничка група.
•
Ако екранот и копчињата на уредот се заклучени, отклучете ги.
3
За да го испразните екранот, притиснете го копчето за мени онолку пати колку што е потребно.
4
Одберете
.
5
Внесете го официјалниот број за итни случаи за Вашата моментална локација.
6
Одберете
.
7
Соопштете ги сите неопходни информации што е можно попрецизно. Не прекинувајте го повикот додека не
добиете дозвола за тоа.
Важно: Активирајте ги и мобилните и интернет повиците, ако Вашиот уред поддржува интернет повици. Уредот
може да се обиде да оствари итни повици и преку мобилните мрежи и преку Вашиот обезбедувач на интернет повици.
Не може да се гарантираат конекции во сите услови. Никогаш не потпирајте се само на кој и да е безжичен уред за
важни разговори како што се итни медицински случаи.