Nokia X7 00 - Информации за батеријата и полначот

background image

Информации за батеријата и полначот
Вашиот уред има внатрешна батерија која не се отстранува и која повторно се полни. Не обидувајте се да ја отстраните

батеријата бидејќи може да го оштетите уредот. За да ја замените батеријата, однесете го уредот во најблиската

овластена установа за сервис.

Овој уред е наменет за користење кога се снабдува со енергија од следниве полначи: AC-10. Точниот број на моделот

на полначот на Nokia може да варира во зависност од типот на приклучокот, идентификуван со E, X, AR, U, A, C, K или

B.

Батеријата може да се полни и празни стотици пати, но на крајот таа ќе се истроши. Кога времињата за разговор и

мирување се значително пократки од нормално, за да ја замените батеријата, однесете го уредот до најблискиот

овластен сервис за замена на батеријата.