
Наполнете ја батеријата
Вашата батерија е делумно наполнета во фабриката, но можеби е потребно да ја
наполните повторно пред да можете да го вклучите телефонот за првпат.
14
За почеток

Ако телефонот покажува дека батеријата е речиси празна, направете го
следново:
1 Поврзете го полначот со ѕидниот штекер.
2 Поврзете го полначот со телефонот.
3 Кога телефонот покажува целосна наполнетост, исклучете го полначот од
телефонот, а потоа од ѕидниот штекер.
Не треба да ја полните батеријата за некое одредено време и можете да го
користите уредот додека се полни.
Ако батеријата е целосно испразнета, може да потрае неколку минути пред
индикаторот за полнење да се појави на екранот или пред да можат да се направат
било какви повици.
Ако некоја батерија не е користена подолго време, за да започнете со полнење
може да е неопходно да го приклучите полначот и потоа да го исклучите и
повторно да го вклучите.
Совет: Исто така, може да користите компатибилен USB полнач за да ја наполните
Вашата батерија.
За почеток
15