Nokia X7 00 - За батеријата

background image

За батеријата
Вашиот уред има внатрешна батерија која не се отстранува, која повторно се

полни и е сертифицирана со CTIA 1725. Користете само полначи што се одобрени

од Nokia и се наменети за употреба со овој уред. Исто така, за полнење на уредот

можете да користите компатибилен USB кабел за податоци.

Не се обидувајте да ја отстраните батеријата од уредот. За да ја замените

батеријата, однесете го уредот во најблиската овластена установа за сервис.

Можете да користите полнење преку USB кога не е достапен ѕиден приклучок. За

време на полнењето на уредот можен е пренос на податоци. Ефикасноста на

напојувањето преку USB може значително да се разликува и може да биде

потребно долго време пред да почне полнењето и уредот да почне да

функционира.

Поврзувајте го Вашиот уред само со производи што го имаат логото USB-IF или

ја имаат исполнето програмата USB-IF за соодветност.

Овластените продажни места можат да понудат и услуга за замена на батеријата.

Кога батеријата е слаба, уредот го вклучува режимот за штедење енергија. За да

го исклучите режимот за штедење енергија, притиснете и задржете го копчето за

вклучување и одберете

Deactivate power saving

. Кога е вклучен режимот за

штедење енергија, можеби нема да можете да ги промените прилагодувањата на

одредени апликации.