Nokia X7 00 - Копирање контакти и слики од Вашиот стар телефон

background image

Копирање контакти и слики од Вашиот стар телефон
Сакате да копирате важни податоци од Вашиот стар компатибилен Nokia телефон

и да започнете со брза употреба на новиот телефон? Користете ја апликацијата

Phone switch за да копирате, на пример, контакти, записи од календарот и слики

на Вашиот нов телефон, бесплатно.

Вашиот стар телефон мора да поддржува Bluetooth.

Одберете >

Settings

>

Connectivity

>

Data transfer

>

Phone switch

.

1 Одберете од следново:

— Копирајте содржина од друг уред.
— Копирајте содржина на друг уред.

— Синхронизирајте ги содржините помеѓу двата телефона.

2 Одберете го телефонот со којшто сакате да се поврзете и спарете ги

телефоните. Bluetooth мора да е вклучен на двата уреди.

3 Ако другиот телефон бара код за пристап, внесете го кодот за пристап. Кодот

за пристап што сте го дефинирале Вие, мора да е внесен на двата телефони.

Кодот за пристап во некои телефони е одреден. За детали, погледнете го

упатството за корисникот на другиот телефон.
Кодот за пристап е важечки само за тековната конекција.

4 Одберете ја содржината и

OK

.

Ако Вашиот стар Nokia телефон ја нема апликацијата Phone switch, Вашиот нов

телефон ја испраќа во порака со користење на Bluetooth. За да ја инсталирате

апликацијата, отворете ја пораката во Вашиот стар телефон и понатаму следете

ги упатствата.

Совет: Исто така, можете да ја користите апликацијата Phone switch за подоцна

да копирате содржина од други телефони.

За почеток

17