
Вметнување или отстранување на мемориската картичка
Користете само компатибилни мемориски картички, одобрени од Nokia за
користење со овој уред. Некомпатибилните картички може да ја оштетат
картичката и уредот или податоците зачувани на картичката.
Не лепете лепенки на мемориската картичка.
12
За почеток

Вметнете ја мемориската картичка
1 Отворете го поклопецот на слотот за мемориска картичка.
2 Извлечете го држачот на мемориската картичка.
3 Осигурете се дека областите за контакт на картичката се свртени нагоре и
вметнете ја мемориската картичка во држачот.
4 Вратете го држачот за мемориската картичка назад во телефонот.
Отстранете ја мемориската картичка
1 Ако уредот е вклучен, прво притиснете и задржете го копчето за вклучување
и одберете ја опцијата за отстранување на мемориската картичка.
За почеток
13

2 Отворете го поклопецот на слотот за мемориска картичка.
3 Извлечете го држачот на мемориската картичка.
4 Отстранете ја мемориската картичка.