Nokia X7 00 - За Друштвени мрежи

background image

За Друштвени мрежи

Одберете >

Social

и пријавете се во услугите за друштвени мрежи што ги

користите.

За да го подобрите искуството со друштвените мрежи, користете ја

апликацијата Social. Кога сте пријавени на услуги за друштвени мрежи, преку

апликацијата Social, можете да го направите следново:

Да ги гледате ажурирања на статус на Вашите пријатели од повеќе услуги во

еден приказ

Да ги објавувате Вашите сопствени ажурирања на статуси на повеќе услуги

истовремено

Инстантно да споделувате слики што ги направивте со камерата

Да споделувате видео записи што сте ги снимиле со Вашиот телефон

Да ги поврзете профилите на Вашите online пријатели со нивните контактни

информации во Вашиот телефон

Да додадете настани од календарот на услуга до календарот на Вашиот

телефон

Достапни се само оние функции што се поддржани од услугата за друштвени

мрежи.

Користењето на услуги за друштвени мрежи бара мрежна поддршка. Ова може

да вклучи пренос на огромни количества на податоци и сродни трошоци за пренос

на податоци. За информации во врска со тарифите за пренос на податоци,

контактирајте го Вашиот оператор.

Услугите за друштвени мрежи се услуги од трето лице и не се обезбедени од

Nokia. Проверете ги прилагодувањата за приватност на услугата за друштвени

мрежи што ја користите, затоа што можеби споделувате информации со голема

група на луѓе. Правилата за употреба на услугата за друштвени мрежи се

применуваат за споделување на информации на таа услуга. Запознајте се со

правилата за употреба и со примената на приватност на таа услуга.